Фудбалерите на Борец 1919 забележаа уште еден пораз, 18-ти оваа сезона, овој пат од минатогодишниот прволигаш, штипска Брегачница со резултат 1:0.
Штипјани иако беа фаворити на овој натпревар не ја оправдаа улогата. Велешани имаат за што да жалат на овој натпревар, бидејќи имаа неколки 100 отстони шанси кои не ги реализираа. Единсвената шанса која ја имаа гостите од Штип, на почетокот на вториот дел ја реализираше Давид Калпачки во 47 минута од натпреварот.
По овој пораз се поизвесно е преселувањето на Борец 1919 АД во понизок ранг на натпреварување. До крајот има уште 5 кола а велешани заостануваат 6 бода зад Осогово, место кое обезбедува ваража натпревар за опстанок во лигата. Во следното коло Борец 1919 гостува во Неготино кај екипата на Вардар.