Уште една жртва зема коронавирусот. 75 годишен велешанец е нова жртва на коронавирусот, тој починал во велешкиот ковид центар.
Содржината продолжува под рекламата
Од велешката болница информираат дека во моментов таму се хоспитализирани 54 пациенти со ковид-19, од кои 36 се со потврдени позитивни тестови, седум пациенти се сомнителени на вирусот, а 11 пациенти имаат со негативен тест, но се задржани на болничко лекување. На кислородна поддршка се 24 пациенти.
Содржината продолжува под рекламата
На инфективното одделение се хоспитализирани 30 пациенти, во модуларната болница 13 и на интерното одделение се лекуваат 11 пациенти со ковид-19. Во последните 24 часа се испишани седум пациенти со еден негативен тест.
Можеби ќе ве интересира: