Заврши реализацијата на проектот „Современи услуги за ЈПКД Тополка“, за кој општина Чашка преку Бирото за регионален развој обезбеди 1.600.000 денари.
По потпишувањето на договорот за набавка на комплетно нова хардверска опрема, компјутери, принтери и таблети, како и надградба на софтверски систем за сметководство и наплата на комунални услуги, преку фирмата „Мега Софт“ од Битола, ЈПКД Тополка целосно го дигитализира и модернизира процесот на сметководство и наплата на комунални услуги преку електронско читање на водомери и електронски сметки преку креирање на електронско сандаче.
Содржината продолжува под рекламите
„Во иднина преку опцијата Е-КОРИСНИК на веб страницата www.topolka.mk секое on line плаќање на сметка за комуналии ќе биде без провизија“, информираат од општина Чашка.
Градоначалникот на Општина Чашка Горан Стојановски потенцираше дека високо во приоритетите за квалитетна работа на општината ја позиционира дигитализацијата на услугите, со која ќе се овозможи значително олеснување на услугите за граѓаните и дополнителни можности за поголема ефективност и ефикасност.
Можеби ќе ве интересира: