Ракометарите на Бисинов Фруитленд имаа успешна контрола пред стартот на сезоната откако на домашен терен го совладаа составот на Текстилец од Штип со 32:23, полувреме 17:8.
Содржината продолжува под рекламата
Уште на стартот велешани беа во предност така што победата не беше доведена во прашање во ниту еден момент. Иако новите засилувања на клубот играа само до 20 минута, младите ракометари на Бисинов Фруитленд покажаа дека имаат квалитет оваа сезона тренерот Никола Бисинов сериозно да смета на нив.
Содржината продолжува под рекламата
Сезоната во Првата ракометна лига треба да почне наредниот викенд. Бисинов Фруитленд се најде во група „Б“, и во првото коло е слободен, додека екипата на Текстилец е во група „А“ и во првото коло гостува во Богданци кај екипата на Младост 1977.
Можеби ќе ве интересира: