Утрото студено, преку денот претежно сончево

veles-gradski park

Денеска ќе имаме студено утро а преку денот ќе биде претежно сончево. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла или ниска облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 8, а максималната ќе достигне од 17 до 24 степени.

Agria

Во наредните денови ќе продолжи периодот на стабилно и претежно тивко време со студени утра и утрински температури кои наместа ќе се спуштаат до неколку степени под нулата.

По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла или ниска облачност.

Дневната температура до средината на неделата ќе биде во постепен пораст.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: