Европската агенција за лекови (ЕМА) ја одобри употребата на вакцината на „Фајзер“ за деца на возраст од 12 до 15 години. Oдлуката е донесена вчера, а се очекува таа наскоро да биде одобрена од Европската комисија.
Европската комисија потпиша три договори со „Фајзер“, при што таа се согласи да испорача 1,8 милијарди дози од вакцината на „Фајзер“ во 2023 година.
Пред повеќе од две недели употребата на вакцината на „Фајзер“ за истата возрасна група беше одобрена и од страна на американската Администрација за храна и лекови (ФДА).
Што се однесува до вакцината на „Модерна“, која, исто како и вакцината на „Фајзер“, користи напредна технологија, според истражувањето на компанијата, таа е безбедна и ефикасна. „Модерна“ ќе побара одобрување за вакцинирање деца во јуни.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на почетокот на неделава рече дека вакцинирањето на деца е „научна, а не политичка одлука“.
„Ни требаат научни информации за тоа кој и како да се вакцинира и по кој редослед. Тоа не е политичка одлука, туку е научна одлука заснована на докази”, рече Фон дер Лајен.
Вакцинацијата на деца се очекува да помогне да се постигне колективен имунитет во борбата против коронавирусот.
Можеби ќе ве интересира: