Ванковска од Велес: Нас не’ не задоволува фотелја и позиција, ние имаме кауза

Biljana Vankovska

Претседателскиот кандидат на Левица, Билјана Ванковска вечерва ја претстави својата програма пред граѓаните на Велес. Пред присутните во салата на велешкиот театарот се обратија и претседателот на Левица и носител на листата во iиѐборнаединица (ИЕ)1 Димитар Апасиев, како и носителот на листата во ИЕ3, Борислав Крмов, кои токму од Велес ја почнаа својата промоција и кампања за пратеници во Собранието.

Zito akcija 640x289px

„Доаѓам од Спомен куќата на Кочо Рацин, а овде туку што ги слушав и неговите стихови. Пред самиот почеток на овој митинг додека разговаравме со Димитар Апасиев тој рече „Нема револуција без поезија“. И вистина е така, а Велес е вистински пример за тоа“, рече Ванковска.

Agria

Според неа, од денес битката добива нов квалитет.

„Посакувам да го изодиме овој пат борбено, чесно и доследно.Она што нас не’ разликува од оние што трчаат на кратки патеки е тоа што ние трчаме маратон, Нас не’ не задоволува фотелја и позиција. Ние имаме кауза“, истакна Ванковска.

Носителот на листа на ИЕ3 Борислав Крмов порача дека ќе ги оданочат најбогатите и дека ќе ги намалат даноците за најсиромашниот народ.и дека клучните индустрии ќе ги национализираат.

„На светската листа на банки од топ 10 банки,7-8 се од Кина и сите се државни,а земјоделските задруги кои тие ги укинаа, во Кина се државни и тоа најефикасно функционира“, посочи Крмов и додаде дека ова што надвор ни се случува мора да се спречи.

Според претседателот на Левица Димитар Апасиев, нема револуција без поезија. Потенцира дека кампањата за парламентарните избори не случајно ја почнуваат од неговиот роден град, „Црвениот Велес, градот на Ганчо Хаџи Панзов и многу други борци меѓу кои и Коста Солев Рацин“.

„Оваа е буквално последниот историски воз да се престроиме геополитички со цел да „и ја зачуваме државата“, порача Апасиев.

Тој посочи дека „теренот што го подготви Левица дава единствена надеж на здравиот и нормален свет во Македонија“.

„Крајно време е да направие Македонска платформа и јасно да кажеме НЕ преговараме за унитароста. Нема да дозволиме оџи и попови да ни ја креираат јавната политика и на секое ќоше да никнуваат само цркви и џамии. Не преговараме за идентитетот, не може историски комисии да ни кажуваат дека нашиот јазик постои од 194 и некоја година и дека Гоце Делчев е Бугарин и дека нашите АСНОМ-ски корени всушност не постојат. Тоа е невозможно поради песната „Мајка“ која ја прочитав, нашите баби и прабаби целата челад си ја давале за да ја имаме оваа држава. И не се откажуваме лесно од оваа Република и затоа Левица е последниот бедем на македонизмот“, истакна  Апасиев од Велес.

Moжеби ќе ве интересира: