
На седницата на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија беа донесени неколку одлуки меѓу кои и оваа со која беше потврдено првото место на Вардар, титула број 11 за нашиот најтрофеен фудбалски колектив.
Иако, како првопласираната екипа, ФК Вардар доби можност да учествува во квалификациите од УЕФА Лига на Шампиони, поради недобиената лиценца за УЕФА натпреварувања, ФК Вардар нема можност да го искористи правото кое му следува како првопласирана екипа за натпреварувачка 2019/2020.
Во квалификациите на УЕФА Лига на Шампиони ќе учествува Силекс, а во квалификациите за Лига на Европа ќе учествуваат Шкендија, Ренова и Шкупи.
Воедно од ФФМ посочија дека новата сезона во ПМФЛ ќе започне на 9. август, додека пак втората ќе стартува на 22 август. Шеснаесет финалните натпревари од Купот ќе започнат на 23. септември 2020 година.
Можеби ќе ве интересира: