30 years Kozuvcanka Web Banner_600x200

Вардарски го совлада Борец 1919 во Богданци

Novaci Borec 1919

Фудбалерите на Борец 1919 потфрлија кога најмногу требаше. На гостувањето во Богданци, кај фенерџијата на табелата составот на Вардаски тие се поразени со резултат 2:0, полувреме 1:0.

Zito akcija 640x289px

Ниту подршката од трибините не ги мотивираше велешани да ги освојат трите бода и се изедначат со Осогово на местото кое обезбедува бараж натпревар за опстанок во лигата, а и резултатите кои му одеа во прилог за да се приближи бодовно до место кое обезбедува сигурен опстанок. Стрелци за домашниот тим беа Милош Спасовски во 42. минута и Давид Ашовалиев во 78. минута.

Agria

На поправен испит ќе бидат веќе наредното коло, кога во Велес ќе гостува екипата на Осогово во натпревар кој мора да се добие. По 20 одиграни кола, Борец е на 15 место со 10 бода, три помалку од Осогово кој има 13 бода.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: