Ваучер од 300 евра добија 1.777 работници со ниски примања, може да одат на одмор до декември

pari
pari

Првите десетмина работници со примања во семејството што не надминуваат 50.000 денари, денес, од министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, добија ваучери во вредност од 18.000 денари за одмор во домашни угостителски капацитети. Ваучери им се одобрени на вкупно 1.777 работници, а имињата се објавени на веб-страницата на Министерството за економија и труд. Одобрениот износ од 300 евра работниците ќе може да го искористат најдоцна до 1 декември во угостителски објекти за кои Министерството ќе објави список на 15 септември.

Zito akcija 640x289px

Мерката ја најави поранешниот министер за економија Крешник Бектеши во февруари годинава, со цел да им се помогне на угостителите да имаат гости и по завршувањето на туристичката сезона, но и да им се овозможи одмор на семејствата со ниски примања.

Agria

Сегашниот министер Дурмиши извести дека интересот за оваа мерка бил голем.

„Интересот за оваа мерка беше многу голем и од страна на угостителите и од страна на пријавените. Со ова активност им помагаме на угостителите да може да остваруваат дополнителен приход надвор од туристичката сезона, а на работниците со ниски примања им овозможува да користат угостителски услуги во нашите туристички центри“, рече министерот Дурмиши.

Потврдите треба да се подигнат лично во Министерството за економија и труд со приложување документ за идентификација.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: