Бесплатно кино под отворено небо во Велес од вечерва од 21:00 часот ќе има на паркинг просторот кај театарот „Јордан Хаџи Константинов- Џинот“. Во рамките на Интернационалниот фестивал на античка драма „Стоби 2021“, ќе се прикажуваат филмови од режисерот Бранко Гапо, а прв на програмата вечерва е „Истрел“. На 10 август ќе биде прикажан филмот „Време,води“, а на 13 август „Македонска сага“.
Текстот продолжува под огласот
„Ги покануваме љубителите на филмот да присуствуваат на овие бесплатни летни кино вечери и да уживаат“, повикуваат од велешкиот театар кој е организатор на ИФАД „Стоби 2021“.
Текстот продолжува под рекламата
Филмовите се придружна програма во рамки на програмата на ИФАД „2021“. Оваа е можност повозрасните велешани да се потсетат кога до пред 20 години во градот се прикажуваа филмови на отворено, а помладите за првпат да гледаат кино на отворен простор.
Текстот продолжува под рекламата
Повозрсните велешани се сеќаваат на поранешните две кино сали на отворено, едната која е во склоп на Киното „11 Октомври“, а другата ви склоп на киното „Вардар“, која воедно беше воедно и старата зграда на велешкиот Народен театар.
Затворните две кино сали на отворено веќе со години се руинирани, запуштени и пропаѓаат. Онаа кај велешкиот театар, заедно со театарската зграда наскоро треба да се урне, а општината, според на тоа место ќе гради станбена зграда.
Можеби ќе ве интересира: