Детскиот фудбалски турнир 2025, кој цела недела го раздвижуваше Градскиот парк во Велес, вечерва влегува во својата највозбудлива фаза со одигрување на полуфиналните и финалниот натпревар. Турнирот, организиран од Општина Велес во соработка со фудбалскиот тренер Панче Нанев, привлече големо внимание од љубителите на детскиот спорт и младинскиот фудбал.
Полуфиналните дуели се закажани за 18:00 и 19:30 часот, а ќе се соочат следниве екипи:
Тополка – Борец 1919
Мал Ајакс – Наш’то Маало
Најдобрите две екипи од овие пресметки ќе се сретнат во големото финале, кое ќе се одигра истата вечер, веднаш по полуфиналните натпревари. Организаторите најавуваат спортски спектакл, фер игра и голема поддршка од публиката. Граѓаните се поканети да бидат дел од овој спортски настан и да ги поддржат младите фудбалски надежи на Велес.