Ноќта помеѓу сабота и недела (28 и 29 март) ќе почне летното сметање на времето. Стрелките на часовникот во 2 часот наутро ќе треба да ги поместиме за еден часа нанапред, односно на 3 часот.
Летното сметање на времето завршува на 25 октомври во 3 часот по полноќ.
Расправата за нужноста од укинување на системот на промена на сметање на времето го доживеа својот врв пред 12 години, која резултираше со заклучок дека секоја земја самостојно ќе одлучи дали ќе прифати летно или зимско сметање на времето. Таквиот предлог беше усвоен од Европскиот парламент.
Идната година треба да стапи во сила предлогот за укинување на задолжителното поместување на часовникот во земјите од Европската унија.