Денес во Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов–Џинот“ ќе биде отворен фестивалот – „5ре“ во чест на доајенот на македонското глумиште Петре Прличко. Свеченото отворање е закажано за 20 часот кога ќе биде врачена и традиционалната награда „Петре Прличко“ за животно дело во актерската дејност, годинава на Игор Џамбазов, внук на Петре Прличко.
Во чест на наградениот ќе биде изведена претставата „Слуга на двајца господари“ на велешкиот театарски ансамбл со што ќе биде отворен фестивалот кој ќе трае до 28 мај.
Содржината продолжува под рекламата
Влезниците за новиот фестивал „5ре“ се веќе пуштени во продажба и се по цена од 200 денари, освен за детските престави кои се бесплатни, но со претходно набавување на билетите.
Можеби ќе ве интересира: