Денеска стартува Лигата на шампионите со осумте натпревари во групите од „Е“ до „Х“. Ќе се играат доста интересни натпревари, а дербито е во Париз кае што ПСЖ ќе го пречека тимот на Јувентус.
Македонија сезонава ќе има три претставника во групната фаза во најелитното натпреварување, од кои двајца стартуваат вечерва. Динамо Загреб на Аријан Адеми и на Стефан Ристовски го стартува патот против поранешниот европски шампион Челси. Во оваа група се среќаваат уште и Салцбург кој игра против екипатава на Милан.
„Не чека важен натпревар која силно ја посакувавме, тоа е награта за освоеното прво место. Ова е големо задоволство да се игра тука, и сигурен сум дека од ова натпреварување сите ќе профитираме. Не сме во ниту еден натпревар фаворити, но на секој меч ќе ја бараме својата шанса. Очекувам пред нашите навивачи да бидеме вистинските, ќе бараме шанса. Ова е елиминациски натпревар, мораме да се радуваме и да уживаме“, рече Анте Чачиќ, првиот човек на стручниот штав на Динамо Загреб
Манчестер Сити, има гостување во Севилја, а европскиот првак Реал Мадрид ја почнува одбраната на титулата од Глазгов, кај Селтик.
Останатите екипи на хартија би требало да имаат лесни задачи. Борусија Дортмунд го пречекува Копенхаген, Лајпциг игра како домаќин против Шахтјор, додека Бенфика на свој терен ја пречекува Макаби Хаифа.
Moжеби ќе ве интересира: