48-годишна велешанка вечерва почина во велешката болница, откако, по неколку часовна борба, лекарите не успеале да и го спасат животот.
Велешнката била донесена во болница во тешка состојба и без свест.
Засега нема официјална информација за причина за смртта, но неофицијално таа починала поради компликации од ковид-19. Доколку се потврди ова, таа ќе биде една од најмладите жртви во Велес од коронавирус. Пред три месеци од ковид-19 почина 41-годишниот Игор Ангеловски, поранешен началник на СВР Велес.