Угостителските објекти, обложувалниците и коцкарниците во Велес вечерва се затворени. Сопствениците ја почитуваат забраната за работа после 18 часот, која денеска ја донесе Владата. Празни се и улиците на градот. Велешани генерално ја почитуваат препораката да не се излегува од дома. Овие мерки се воведени поради бројот на заболени од новиот коронавирус, кој денеска се искачи на 13.
Повеќе фотографии од празниот Велес, погледнете на нашиот Facebook Fan Page