Велес ќе биде домаќин на музички спектакл што не се заборава

Легендарниот Саша Матиќ ќе настапи на 18 октомври 2025 година во Спортската сала ‘Гемиџии’, нудејќи вечер полна со незаборавни хитови. Концертот, во организација на ‘Евентрис’, се најавува како настан кој ќе ја обедини публиката од целиот регион.

Организаторите на настанот „Евентрис“ велат дека градот заслужува спектакли од ваков вид.

Agria

„Со големо задоволство најавуваме дека токму Велес ќе биде дел од турнејата на Саша Матич. Подготвуваме вечер исполнета со емоции, врвна музика и атмосфера за паметење, сакаме да ве известиме дека концертот ќе го отвори годинешниот победник на Sвездите на Гранд – Никола Станишиќ“ велат организаторите.

Првите луѓе од „Евентрис“ веќе има искуство со големи проекти. Нивниот прв поголем настан беше фестивалот „Лума“ на Спомен Костурница, кој се одржа во соработка со Кафе Бар Marquee и привлече големо внимание од јавноста.

„Настанот „Лума“ ни даде силен мотив и потврда дека Велес сака и поддржува вакви настани. Тоа ни беше поттик да размислуваме уште посмело,“ додаваат од „Евентрис“. Ова не е единственото изненадување за велешани. „Покрај концертот на Саша Матиќ, од нас следуваат многу нови евенти. Нашата цел е да ја збогатиме понудата во градот – не само со музички настани, туку и со други културни и забавни содржини,“ додаваат организаторите.

Организаторите упатуваат покана до сите љубители на добрата музика да бидат дел од оваа незаборавна вечер, очекувајќи публика не само од Велес, туку и од целиот регион.

Билетите за концертот се достапни на продажната мрежа на КупиКарта

https://www.kupikarta.com/event-details.nspx?eventid=5671, а местата се ограничени.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: