Велес наскоро ќе добие пречистителна станица со колекторски систем

Општина Велес е вклучена во финансискиот пакет за ИПА 3 на Европската Унија за поддршка на проекти за заштита на животната средина. Општина Велес во ИПА 3 програмата е вклучена заедно со Општина Штип за реализација на проект за изградба на пречистителна станица со колекторски систем.

Zito akcija 640x289px

Само техничката документација подготвена во рамките на овој капитален проект чини околу 1,5 милиони евра. До сега завршена е физибилити студијата или студијата на изводливост на проектот, кост –бенефит анализата односно анализата на економската исплатливост на проектот и основниот проект за изградба на колекторски систем, реконструкција на канализација и изведба на нови линии. Завршен е и идејниот проект за изградба на пречистителната станица.

Agria

Почетокот на градење се очекува да биде во втората половина на 2022 година, а очекуваната вредност според проектната документација  е од 23,5  до 24 милиони евра.

Општината во меѓувреме треба да започне со подготвителните работи за изведба на овој проект и експропријација на потребното земјиште која би се наоѓала во околината на Крзнарата ,,Димко Митрев,,.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/19089/za-nenosene-maska-napishani-644-kazni/