Денеска официјално започнува Детскиот турнир во мал фудбал, кој ќе се одржува на спортскиот терен во Градскиот парк во Велес. Овој спортски настан е организиран од Општина Велес во соработка со фудбалскиот тренер Панче Нанев и има за цел да го поттикне спортскиот дух и тимската игра кај најмладите.
На турнирот учествуваат деца родени 2010/2011 година и помлади, а вечерашната програма вклучува возбудливи натпревари од Група Б и Група Ц. Распоредот на натпреварите е следниот:
🕛 19:00 – Мал Ајакс 🆚 Брум Бренд
🕛 19:45 – Јаболчиште 🆚 Оризари
🕛 20:30 – КарФорЈу 🆚 Мал Ајакс
🕛 21:15 – Борец 1919 🆚 Јаболчиште
Љубителите на спортот се поканети да присуствуваат и да ги поддржат младите надежи на велешкиот спорт.