Велешанец е близу до учество на Летните олимписки игри во Токио

На неодамна завршениот турнир од Премиер лига, што се одржа од 12 до 14 март во Истанбул, Турција, македонскиот судија со светска лиценца, велешанецот Боби Војдиновски, се најде на финалната листа од 20 кандидати на светски судии, од кои ќе се изберат 15-мината што ќе судат на Летните олимписки игри во Токио.

Zito akcija 640x289px

Војдиновски е долгогодишен носител на светската лиценца на ВКФ и има судено на најголемите натпревари како што се светски и европски првенства, европските игри и Премиер лиги и евентуалното учество на олимписките игри во Токио ќе биде круна на неговата кариера.

Agria

Ова е уште едно големо признсние на Карате федерацијата на Македонија, по освојувањето на бронзениот медал на Емил Павлов на Премиер лигата во Истанбул.

Преземено од sport1

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/19255/poradi-zgolemen-broj-na-zarazeni-so-kovid-19-do-krajot-na-meseczot-se-zatvora-osnovno-uchilishte/