Велешанецот Игор Иванов веќе неколку години наназад е еден од најдобрите млади македонски фудбалски судија.
Тој доби задача да суди на неколку дерби натпревари на македонските фудбалски терени, а според тоа како се развива како фудбалски судија, се очекува во иднина да суди и европските лигашки и репрезентативни натпреварувања.
Тој е еден од ретките кој ја доби довербата од ФФМ да биде делегиран во сите три досегашни лигашки натпревари. Во првото коло беше делегиран да ја дели правдата во Струмица помеѓу Академија Пандев и Работнички, како и во второто коло во Битола на натпреварот Пелистер и Ренова.
Веќе утре го чека нов предизвик бидејќи Иванов ќе биде главен судија на натпреварот Струга ТЛ – Пелистер.
Можеби ќе ве интересира: