Велешанец и неговата фирма за продажба на огревни дрва, заработија кривична пријава, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“.
Содржината продолжува под рекламата
Отсекот за економски криминал при СВР Велес поднесе кривична пријава против правно
лице од Велес и против Ј.Н.(48) од велешко, управител на правното лице, поради постоење
основи на сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“ по член 279 од
Кривичниот законик.
Содржината продолжува под рекламата
„На 25.09.2023, полициски службеници од Отсекот за економски криминал извршиле контрола во правното лице во Велес, кое врши продажба на огревно дрво, при што било констатирано даночно затајување од Ј.Н., односно за да се одбегне целосно или делумно плаќање на данок, придонес или некоја друга давачка, дал лажни, неточни и други факти за утврдување на количината на огревни дрва кои ги има на плацот за продажба на огревни дрва“, информираа од СВР Велес.
Можеби ќе ве интересира: