Велешанец криел кокаин во патика, доби притвор од 30 дена

Kokain

Основното јавно обвинителство во Велес донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против едно лице од Велес на возраст од 31 година за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промeт наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Zito akcija 640x289px

Осомничениот, на 13 април, неовластено заради продажба држел наркотична дрога – кокаин во количина од 7,45 грама спакувана во едно полиетиленско пакување. Дрогата ја купил во Скопје од засега непознато лице, па со автомобил се упатил кон Велес. Пакетчето со дрога го држел скриено во левата патика, но му било пронајдено и одземено од полициски службеници на наплатната станица Сопот.

Agria

Имајќи предвид дека постои опасност од повторување на кривичното дело и опасност од бегство, со оглед на тоа што осомничениот подолг период престојува во Република Германија и имал намера повторно да замине таму, јавниот обвинител до Судот достави предлог за определување притвор. Предлогот беше прифатен од страна на судијата на претходна постапка на Основен суд Велес и определен е притвор во траење од 30 дена.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: