Велешанец обвинет за производство и дистрибуција на детска порнографија

Veles Januari 2021
Veles Januari 2021

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Велес до Основниот суд во Велес поднесе Обвинителен акт против едно лице на возраст од 22 години за кривично дело – Производство и дистрибуција на детска порнографија од член 193-а став 3 во врска со став 2 од Кривичниот законик.

Zito akcija 640x289px

На обвинетиот му се става на товар дека во месец јануари 2021 година, преку сопствениот мобилен телефон, набавил и поседувал видео снимки со детска порнографија.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Користејќи ја мобилната апликација Телеграм инсталирана на мобилниот телефон, со сопствен кориснички профил, се приклучил во групата Јавна соба со намера да прегледува фотографии и снимки со експлицитна содржина.

Содржината продолжува под рекламата

На телефонот презел повеќе фотографии и видео снимки со експлицитна содржина, меѓу кои и видео снимка со очигледни полови дејствија помеѓу жена и дете на возраст под 10 години, како и видео снимка со очигледни полови дејствија помеѓу деца – момче и девојче на возраст под 18 години. Таквите видео снимки ги зачувал во својот мобилен телефон што е утврдено од извршената форензичка анализа на телефонот.

Заради обезбедување на присуство во текот на кривичната постапка, надлежниот јавен обвинител достави и предлог да продолжат мекрите на претпазливост кои му беа веќе определени на обвинетиот во текот на истражната постапка.​

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: