Велешанец почина од ковид

infektivno veles
infektivno veles

Велешанец на 65-годишна возраст почина на инфективното одделение во велешката болница, како последница на коронавирусот. Тој е 179 жртва на ковид 19 во Велес од почетокот на пандемијата. Смтниот случај доаѓа два и пол месеци по последниот починат велешанец од коронавирус, регистриран на 23 мај.

Текстот продолжува под огласот

Zito akcija 640x289px

На инфективно одделение во велешката болница во моментов се хоспитализирани тројца пациенти, сите со потврден позитивен тест. На кислородна поддршка е еден пациент. Од болницата велат дека денеска е испишан еден пациент како оздравен, со еден негативен тест.

Текстот продолжува под огласот

Agria

Од почетокот на пандемијата до денес, регистрирани се 5494 заразени велешани, од кои 5298 се излечени. Во моментов се активни 18 случаи во Велес.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: