Велешанец починал од повреда во несреќен случај, на рентген му е откриен и коронавирус

Veleska bolnica 997x485
Veleska bolnica 997x485

Велешанец на 65-годишна возраст денеска почина на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ) во Скопје. Тој вчера имал несреќен случај, по што му пукнала аорта. Неговата рентген снимка направена во велешката болница синоќа покажала дека освен дисекција на аортата, имал и наод на бели дробови, карактеристичен за ковид-19, по што сомневањата ги потврдил и тестот за коронавирус.

Zito akcija 640x289px

Повредениот велешанец синоќа околу 20 часот беше итно префрлен на КАРИЛ, но во процедура која предвидува транспорт на ковид пациенти. И покрај напорите на лекарите од КАРИЛ, тој денеска почина.

Agria

Уште еден пациент позитивен на коронавирус на 58-годишна возраст од инфективното одделение на велешката болница денеска е префрлен на лекување во Скопје. Неговото семејство барало тој да биде транспортиран во приватната клиника „Жан Митрев“.

На Инфективното одделение во велешката болница во моментов се лекуваат 28 пациенти, од кои 26 се потврдени позитивни на ковид-19, а двајца се водат како сомнителни случаи. Од нив девет пациенти добиваат кислородна поддршка.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: