Велешанец се обидел со нож да повреди обезбедувач на казино во центарот на Велес

napad so noz

Посетител на казино во Велес синоќа со нож нападнал член на обезбедувањето на коцкарницата. Инцидентот се случил околу 21:30 часот, пред казино во центарот на Велес, а вистинска среќа е што нападнатиот успеал да спаси жива глава.

Zito akcija 640x289px

Лицето од обезбедувањето на казиното го предупредило велешанецот дека не смее да влезе внатре без заштитна маска, по што почнале вербална расправија. По кратко време, напаѓачот со иницијали Д.С. решил физички да се пресмета со вработениот од обезбедувањето на казиното, па извадил нож и замавнал кон него. Обезбедувачот успеал да го одбие нападот, а напаѓачот го фрлил ножот и избегал.

Agria

„На ден 18.08.2020г околу 21:30 часот во СВР Велес пријавено е дека лице од агенција за обезбедување додека бил на работното место како обезбедување во казино во центарот на Велес, бил физички нападнат од лицето Д.С. од Велес кој не сакал да стави заштитна маска за да влезе во казиното. Напаѓачот употребил и нож, меѓутоа лицето од обезбедување го одбил нападот, по што напаѓачот го фрлил ножот и избегал во непознат правец“, велат од СВР Велес.

Сепак, Батали.нет од сведоци на настанот дознава дека напаѓачот, кој изгледал како да е под дејство на алкохол, бил веднаш фатен и приведен од полицијата.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: