Велешанец загина во сообраќајна несреќа

Soobrakajka recani

Велешанец на 57-годишна возраст загина синоќа во сообраќајна несреќа, која се случила половина час пред полноќ, на патот Градско – Велес, во близина на градот. Велешанецот управувајќи возило марка Фолксваген излетал од патот и смртно се повредил. Кога бил донесен во велешката болница, лекарите констатирале смрт, соопшти полицијата.

Zito akcija 640x289px

„На 19.08.2021 околу 23.30 часот на регионалниот пат Градско – Велес, во близина на градот, патничко возило „фолксваген поло“, со велешки регистарски ознаки, управувано од Д.Н.(57) од Велес излетал од коловозот. По незгодата тој бил пренесен во Општата болница во Велес, каде му била констатирана смрт“, објасни Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

Содржината продолжува под огласот

Agria

Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Велес извршија увид на местото на незгодата, по што треба да бидат познати причините за несреќата.

Фото: архива

Моижеби ќе ве интересира:

https://batali.net/23093/pari-od-banki-ke-mozhe-da-se-vadat-i-so-potvrda-od-mvr-za-lichna-karta/