Велешанецот Александар Златаров 20-ти на трката “Тигров скок” во Кина

Zlatarov Kina 3

Александар Златаров го освои 20-то место на најатрактивната трка “Тигров скок” која се одржува на реката Нуџианг во градот Лушуи, Кина. Првото место го освои швајцарецот Емануел Пит Рохер, а на подиумот се искачија уште Давид Љоренте од Шпанија, како второпласиран и Ву Ксингианг од Кина.

Zito akcija 640x289px

Вчера, Златаров го освои 4-то место во категоријата групен рафтинг заедно со Маринко Анже од Словенија и хрватите Јосип Слошњак и Зое Грзин Алба, а во категоријата кајак крос  натпреварите ги заврши во четвртфиналето.

Agria

На првиот ден од натпреварувањето Александар Златаров го освои девето место во категоријата кајак спринт. Златаров како член на ККК Арка Борец- Велес беше единствен преставник од Македонија.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: