Најдобриот македонски кајакар, велешанецот Ангел Петрушев е победник на 56. издание на Илинденскиот кајак слалом – Икас 2025 кое викендов се одржа на патеката во СЦ Матка. Тој денес имаше најдобро време од 91.68 во финалето во најпопуларната категорија К1 и ја одбрани титулата од минатата година. Најдобриот македонски кајакар доминираше во изминативе два дена и сосема заслужено дојде до првото место.
На второто место се најде Пери од Канада со заостанување од 1.41, а третопласиран Марко Ѓорѓевиќ од Србија, кој имаше заостанување од 1.72 од времето на Петрушев. Велешанецот Стефан Рибарски го освои 5 место со заостанување од 5.91, од најдоброто време.
Во К1 во женска конкуренција повторно победи Ула Скок од Словенија, додека велешанката Марија Пановска го освои 4 место. Во Ц1 најдобар беше Матеј Тројаншек од Словенија, додека победничка во Ц1 кај дамите беше Релиа од Грција.