Денеска на патеката во СЦ Матка на програмата беа квалификациските трки на 55. издание на Илинденскиот кајак слалом. Првиот натпреварувачки ден понуди интересни квалификациски натпревари.
Содржината продолжува под рекламата
Најдобро постигнување по првиот ден од натпреварувањето има македонскиот репрезентативец, велешанецот Ангел Петрушев додека на втората позиција се пласираше Марко Ѓорѓевиќ од Србија. Третото место го зазеде уште еден велешанец, членот на ККК Вардар од Велес, Стефан Рибарски.
Содржината продолжува под рекламата
Меѓу триесетте натпреварувачи кои се пласираа за утрешното полуфинале има уште десет македонци, меѓу кои се Борче Мирчевски кој беше петти, Кристијан Смилев, кој по првата трка е седми, како и Александар Златаров кој е 15 место, и се во конкуренција за победа на јубилејното издание на ИКАС.
За одбележување е и настапот на Пановска Марија од ККК Гемиџии Велес, која го освои второто место во категоријата К1 жени. Финалните натпревари се закажани за утре со почеток од 12 и 40 часот.
Moжеби ќе ве интересира: