Велешанецот Ангелче Петрушевски, член на ККК Вардар од Велес, е победник на 55-то издание на Илинденскиот кајак слалом (ИКАС), натпреварување кое се одржа викендот на реката Треска, кај Матка.
Содржината продолжува под рекламата
Второто место му припадна на Стефан Рибарски член на ККК Вардар Влес, а трет српскиот претставник, Марко Ѓорѓевиќ. Од останатите македонските натпреварувачи кои обезбедија финале, Кристијан Смилев е петти, Александар Златаров кој е осми и Борче Мирчевски кој го освои 11 место.
Содржината продолжува под рекламата
Во кану Ц1 победи гркот Јанис Захос, пред сонародникотКирјакос Дерматис и турчинот Мустафа Парлак. Кај жените во дисциплината К-1, најдобра беше грката натпреварувачка Горгиа Релиа, пред велешанката Марија Пановска и Елиф Цејлин од Турција.
Moжеби ќе ве интересира: