Уште една ефикасна партија на велешанецот Јован Атанасовски во дресот на штипскиот ракометен прволигаш, Текстилец. На натпреварот помеѓу Текстилец и Аеродром во рамки на плеј аутот од ракометната Прва лига, Атансовски постигна 16 погодоци и ја донесе победата за својот тим од 45:35.
За Атанасовски не е непознато да ги полни мрежите на противничките екипи. На дебито за екипата на Текстилец, против екипата на Младост постигна 18 погодоци, што е реткост на ракометните терени.
Атанасовски игра на позицијата лево крило и по откажувањето на Борец од натпреварувањето на стартот од сезоната премина во екипата на Кичево, а од почетокот на пролетниот дел е член на Текстилец.