Велешанецот Гигов ќе брани за ПАОК и на 44 години

Viktor Gigov

Ракометниот голман, велешанецот Виктор Гигов ја продолжи соработката со грчкиот ракометен клуб ПАОК, и ќе го брани голот на солунскиот прволигаш и на свои 44 години.

Zito akcija 640x289px

Ова ќе му биде трета сезона во ПАОК откако пристигна во сезона 2020/21 и покажа одлични партии во грчкиот шампионат. Со клубот на домашна сцена ја освоија втората позиција во споменатата сезона, додека минатата сезона завршија на третото место во плеј-оф фазата.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Гигов e дете на Борец, а во Македонија играше уште за Младост Богданци, Југ Куманово. Има големо интернационално искуство играјќи за хрватската Цриквеница, Короса од Јужна Кореја, исландскиот ИБВ, грчкиот Аполон Каламарија како и турските Мерсин, Кајсери и Селка.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/31022/vremenska-prognoza-209/