Велешанецот Илија Табаков на поширокиот список на кадетската ракометна репрезентација

Ilija Tabakov

Селекторот на машката кадетска репрезентација, Раде Стојановиќ, објави поширок список на ракометари што ќе бидат во конкуренција за настап на пријателски натпревар против Бутел Скопје и за претстојниот ЕХФ шампионат во август.

Zito akcija 640x289px

Стојановиќ, кој во стручниот штаб ќе ги има Бранко Ангеловски и Наум Танески, на списокот стави 55 ракометари. На списокот се најде и Илија Табаков кој е играч на велешки Борец. Собирот ќе биде на 13 мај во Автокоманда, ќе бидат селектирани ракометари што ќе играат в недела во Кавадарци на пријателскиот дуел со Бутел Скопје на 15 мај.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Тие што ќе отпаднат од комбинација, остануваат во конкуреннција за настап на ЕХФ шампионатот во Летонија во август. Ривали на Македонија од 8 до 14 август ќе бидат домаќинот Летонија, Турција и Косово, додека во другата група се Луксембург, Швајцарија и Белгија, а учеството на Русија е под знак прашалник.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/29741/pritvor-za-veleshanecz-se-zakanuval-na-tri-licza-deka-ke-gi-ubie/