Велешанецот Костадин Петров ќе има трет интернационален предизвик во кариерата. По настапите во Романија и Шпанија следната сезона ќе заигра во Исланд во екипата на Тор Акурејри, каде тренер е македонскиот стратег Стевче Алушовски.
Минатата сезона ја започна како играч на Металург, за да продолжи во Вардар каде ќе ја освои и титулата. Петров настапи за македонската репрезентација на Медитеранските игри, освојувајќи го четвртото место.
Содржината продолжува под рекламата
Освен за Борец, има настапувано за Радовиш, Куманово, Металург, Пелистер и Вардар 1961 во македонскиот шампионат, за романската Сучеава и шпанската Гвадалахара.
Можеби ќе ве интересира: