Фудбалерот на Подбрезова, велешанецот Мартин Талаков доби шанса да дебитра во Македонската репрезентација до 21 година. Тој се најде на списокот на селекторот Канатларовски за престојните подготовки на младата селекција.
Талаков кариерата ја започна во Академија Пандев. Една полусезона ги бранеше боите на Борец, а од 2021 година ја започне својата интернационална кариера во Словачка, во екипите на Подбрезова и Жилина.
Содржината продолжува под рекламата
Македонската репрезентација до 21 година во турска Анталија ќе одигра три контролни натпревари против селекциите на Летонија (23. март), Финска (25. март) и Словачка (28. март), како дел од подготовките за почетокот на квалификацискиот циклус за ЕП 2024.
Можеби ќе ве интересира: