Велешанецот од синоќешната сообраќајка има тешки повреди на главата

Brza pomos vozilo
Brza pomos vozilo

Со тешки повреди на главата, 32-годишниот велешанец кој синоќа со својот мотор се судри со автомобил, е пренесен на скопските клиники. Сообраќајната несреќа се случи околу 21:30 часот на улица „Благој Ѓорев“ во близина на бутик „Бос“. Повредите ги констатирале лекарите од велешката болница, кои решиле да го транспортираат во Скопје.

Zito akcija 640x289px

„Повредениот има неколку фрактури на коските на лицето и черепот и е испратен во ургентниот центар на хирушките клиники во Скопје“, соопшти др. Весна Николовкса Неделкова, пртпарол на велешката болница.

Agria

Велешката полиција синоќа изврши увид на местото на несреќата.

„На 29.09.2020 во 21.30 часот било пријавено дека на ул.„Благој Ѓорев“ Велес се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „БМВ“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Љ.С.(42) од Велес и мотоцикл „гилера“ управуван од Д.З.(32) од Велес. Во незгодата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Велес. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Велес“.

Батали.нет синоќа јави за сообраќајната несреќа, во која е тешко повреден 32-годишен велешанец.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: