Македонскиот интернационалец и младински репрезентативец Мартин Талаков има нов клуб. Екипата на Подбрезова го испрати на шестмесечна позајмица со право на откуп на лето во екипата на Жилина од словачкото првенство.
Во Жилина ќе го наследи капитенот на У21 репрезентацијата на Македонија, Енис Фазлагиќ кој зимава направи трансфер во тимот на Висла Краков.
Содржината продолжува под рекламата
Мартин Талаков е еден од најтелентираните млади фудбалери кои излегле од Македонија во последниот период, и многу рано дебитираше во ПМФЛ во дресот на Академија Пандев. Одигра и извесен период во велешки Борец , а потоа замина во Подбрезова.
Можеби ќе ве интересира: