Велешанецот Тоше Ончев, по заминувањето од грчкиот тим Фаикас Корфу, се врати во македонската Суперлига.
Откако резултатите беа слаби, а и пандемијата со коронавирусот направи сериозни финансиски проблеми на клубот, соработката помеѓу Ончев и Фаикас Корфу заврши.
Левиот бек потпиша со тимот на Работнички и повторно ќе соработува со стратегот Стојан Петрушевски, со кој соработуваа во Вардар Јуниор.
Ончев, кој беше дел и од првиот тим на Вардар и забележа настапи во СЕХА, има интернационално искуство во француските Вернуј и Вернон.
Можеби ќе ве интересира: