Велешани незапирливи: Кадетите на Фруитленд Борец ја штиклираа и Македонија ЃП

Gjorce Petrov Fruitlend Borec kadeti 2024

Четата на Сашко Радевски продолжува да реди победи во кадетската ракометна лига. Во дерби натпреварот од осмото коло на кадетската ракометна лига, Фруитленд Борец на гостински терен го совлада составот на Македонија Ѓорче Петров со резултат 32:29.

Zito akcija 640x289px

Резултатот беше изедначен се до 5:5, а потоа со три последователни погодоци на велешани, кои се покажаа како клучни, Фруитленд Борец дојде до предност од три гола која не ја испушти до крајот на овој натпревар.

Agria

Андреј Зафиров постигна осум, додека Давид Стојановски постигна шест кај Фруитленд Борец, кај домашниот состав незапирлив бешеНикола Кузевски кој постигна 16 погодоци. Во недела на програмата е дербито на досега непоразените екипи во лигата, Фруитленд Борец и Еурофарм Пелистер. Натпреварот ќе се одигра во спортската сала на ООУ „Блаже Конески“ со почеток од 12 часот.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: