Интернет страницата waqi.info, специјализирана за следење на квалитетот на воздухот во светот, а која објавува податоци и за повеќе градови и населени места во секоја од државите, регистрира опасен воздух во Велес.
Содржината продолжува под рекламата
Според мерењето во 11 часот, во последниот ден од 2023 година, воздухот во Велес е дефиниран како „многу загаден“, со индекс од 206 единици, што треба да е предупредување да не се излегува надвор без поголема потреба, а ако се излегува што побрзо да се завршат обврските.
Содржината продолжува под рекламата
Како главен загадувач во нашиот град наведени се ПМ2.5 честички со густина од 91 микрограми на кубен метар, а потоа следат ПМ10 честичките со 94 микрограми на кубен метар.
Можеби ќе ве интересира: