Велешанка утрово почина од ковид-19

infektivno veles
infektivno veles

Велешанка на 75-годишна возраст утрово почина во велешката болница, како последица од компликации од ковид-19. Пациентката имала позитивен тест на коронавирус, а претходно три дена се лекувала на инфективното одделение. Таа е 106 жртва на ковид-19 во Велес од почетокот на пандемијата.

Zito akcija 640x289px

Во меѓувреме, бројот на хоспитализирани пациенти во велешката болница е 35 и бележи мал пад, во однос на вчерашните 38, но е двојно поголем од бројот на пациенти, кои беа хоспитализирани поради ковид-19 пред точно две недели.

Agria

Од болницата информираат дека од оние кои се лекуваат во болницата, 29 имаат потврдени позитивни тестови, еден е сомнителен, а пемина се негативни на коронавирус, но имаат потреба од болничко лекување. На кислородна поддршка се 13 пациенти. На инфективното одделение се сместени 31, а на интерното одделение четворица пациенти.

Денеска се испишани шест пациенти, кои имаат по еден негативен тест и се водат како оздравени. Од почетокот на пандемијата во Велес со ковид-19 се заразија 3183 граѓани, од кои 2829 се излекуваа, а се уште активни се 248 случаи.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: