Велешанката Елена Ценева се здоби со професионална меѓународна квалификација SIFT и го стекна сертификатот „Certificate in International Trade and Finance”

Велешанката Елена Ценева која живее и работи во Скопје стана првиот и единствен специјалист за документарно работење во Секторот за логистика на продажбата во земјава. Ценева, која работи во НЛБ Банка, ја доби оваа квалификација, откако успешно ја заврши обуката „The International Trade Finance and Finance Environment” и се здоби со професионална меѓународна квалификација CITF, со што го стекна сертификатот „Certificate in International Trade and Finance”, доделен од престижниот Институт, The London Institute of Banking & Finance.

Zito akcija 640x289px

Таа вели дека материјалот кои требало да го научи бил обемен, но многу интересен, па и претставувал предизвик, навлегувајќи во доменот на меѓународната трговија, начините на финансирање, начините на плаќање, документите што се разменуваат во меѓународната трговија и договорите, банкарски услуги и инструменти, инволвирани страни и нивните улоги, значењето на меѓународните и државните институции во меѓународната трговија, документарни инструменти, приниципите и примената на „supply chain“, значењето на „compliance“ и спречување на перење на пари, управување со девизниот ризик, иновациите и дигитализацијата на финансиските пазари, сè тоа под фокусот на Trade Finance.

Agria

„Материјалот изобилуваше со конкретни факти, многу информации од меѓународната пракса и доста линкови за истражување и за поголема информираност. Оваа квалификација ми значи многу, претставува големо признание, мотив и огромна поддршка за понатамошните професионални ангажмани“, изјави Ценева.

Елена Ценева е единствена во нашата земја која се има стекнато со оваа квалификација.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/17020/silen-zemjotres-utrinava-ja-pogodi-hrvatska/