Велешка судиска четворка на чело со Игор Иванов ќе ја дели правдата на бараж натпреварот Тетекс – Осогово за пополнување на Втората македонска фудбалска лига за сезона 2023/24. Помошници на Иванов ќе му бидат Петар Новачев и Андреј Ќамилов, додека четврти судија е Боби Величков.
Содржината продолжува под рекламата
Натпреварот иако најпрво беше одлучено да се одигра на стадионот „Зоран Паунов“ во Велес, сепак последните информации говорат дека тој ќе се одигра на стадионот „Борис Трајковски“ во скопската населба Маџари во недела со почеток од 17 часот.
Содржината продолжува под рекламата
Останатите два дуела Башкими – Влазрими и Вардар Неготино – Новаци ќе се одиграт во Тетово и Кичево. Победниците од баражите ќе влезат во ВМФЛ, а две од останатите три екипи ќе бидат извлечени на ждрепка и ќе добијат второлигашки статус во следната сезона.
Можеби ќе ве интересира: