Велешката болница доби нови душеци и инвентар, донација од велешани ширум светот

Седумдесет душеци, постелнина, покривки, перници и ќебиња, набавени со пари собрани преку интернет, денеска пристигнаа во велешката болница. Со оваа донација во вредност од околу 6 илјади долари, ќе се обнови застарениот инвентар во болницата.

Zito akcija 640x289px

Иницијатори на акцијата беа велешаните Зоран Николов и Сашко Трајковски, кој живее во САД.

Agria

„Денес се доставија три пратки до болницата. Квалитетот на душеците и останатата опрема е сосема задоволителен. Уште еднаш голема благодарност до сите што се вклучија во оваа благородна акција каде покажавме високо ниво на општествена одговорност и грижа за нашиот град“, напиша на својата фејсбук страница Зоран Николов.

Освен донацијата во инвентар, со парите се набавија и пакетчиња за децата што лежат во детско одделение и за децата од центарот за лица со посебни потреби.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/20682/51-paczient-se-hospitalizirani-vo-veleshkiot-kovid-czentar/