Велешката болница се полни со ковид пациенти

nova fotka Bolnica Veles 997x485

По двомесечното затишје, коронавирусот повторно коси во Велес. Капацитетите на одделенијата во велешката болница каде што се сместуваат ковид пациенти повторно се полнат. Иако пред еден месец таму се лекуваа само 19 пациенти, сега тој број е два и пол пати поголем.

Zito akcija 640x289px

Во велешката болница заклучно со вчерашниот ден се хоспитализирани 49 пациенти, од кои 35 имаат потврден позитивен тест на коронавирус, осуммина се соннителни случаи, а шестмина имаат негативен брис, но се задржани на болничко лекување. Драстично скокна и бројот на пациенти со потешки симптоми, па така 18 пациенти добиваат кислородна поддршка.

Agria

На инфективното одделение од ковид-19 се лекуваат 41 пациент, а на интерното се хоспитализирани осуммина. Засега, модуларната ковид болница сè уште е празна, но доколку продолжи растечкиот тренд на новозаразени, наскоро и овој оддел ќе биде ставен во функција, велат од велешката болница.

Вчера во Велес се регистрирани нови 56 случаи со коронавирус, што е највисока бројка од 3 декември минатата година, кога беа регистрирани 59 новозаразени. Во текот на вчерашниот ден во велешката болница починаа и двајца пациенти – еден од Велес и еден од Демир Капија.

Од почетокот на пандемијата во Велес се регистрирани 3671 случаи на ковид-19, од кои 3271 се излечени, 115 починаа, а активни се сè уште 285 случаи.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/19166/veles-na-tretoto-mesto-po-brojot-na-zarazeni-paczienti-vo-izminatoto-denonokie-dvajcza-veleshani-pochinaa/