Велешката компанија „Благој Ѓорев“ ја продава стоковната куќа „26 јули“ во Скопје

Maslodajna 997x485

Прехранбената индустрија „Благој Ѓорев – Кристал“ од Велес ќе продава дел од нефункционалниот имот во земјава. Продажбата ја одобри Акционерското сорание на вчерашната седница, пишува plusinfo.mk.

Zito akcija 640x289px

Како што е објавено на Македонска берза компанијата ќе продава магацински простор и продавници кои се оценети како нефункционални. Меѓу објектите кои се на продажба е и стоковна куќа „26 јули“ во Скопје со површина од 1.370 м2.

Agria

Компанијата ги продава магацините во битолското село Логоварди со вкупна површина од 17.511 квадратни метри од кои градежни објекти се со површина од 5.647 м/2 и двор во површина од 11.864 м/2, како и магацинскиот простор во Кичево.

Како нефунквионелани објекти компнијата ги назначи за продавање и продавницата од  167 квадратни метри во Битола и продавницата од 45 квадрати која се наоѓа во Куманово.

Објектите ќе се продадат по пат на јавна продажба или со непосредна спогодба според пазарни цени кои се најповолни на продажбата за друштвото.

Извор: plusinfo.mk

Moжеби ќе ве интересира:

https://batali.net/20025/vakczinata-sputnik-v-pochna-da-se-proizveduva-vo-sosedna-srbija/