Драматично апсење имало синоќа 15 минути по полноќ на улицата Вардарска, на влезот во Велес. Полицијата пукала во воздух, кога маж кој бил затекнат со марихуана се обидел да побегне.
Содржината продолжува под рекламата
„На 12.11.2023 околу 00.15 часот во Велес од полициски службеници од СВР Велес е лишен од слобода М.М.(29) од Велес затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Околу 00.15 часот на ул. „Вардарска“ во Велес полициски службеници од СВР Велес запреле патничко возило „пасат“ со велешки регистерски ознаки, а М.М. , кој седел на совозачкото место, се обидел да избега, но бил спречен од полициски службеници, при што бил испукан и еден предупредувачки куршум во воздух“, соопштија од МВР.
Содржината продолжува под рекламата
Исто така, во ПС Велес извршен е службен разговор и со А.Н. (36) од Велес, кој го управувал возилото. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Можеби ќе ве интересира: